Доказ дека вистинскиот стил не мора да биде скап за да остави впечаток.
Најдостапниот и воедно најелегантниот парче накит ова лето? Одговорот, секако, се бенглс нараквиците кои се апсолутен хит кај љубителките на модата и трендовите. Оваа сезона нема да ги гледаме само на модните писти, туку и на секоја жена што знае дека добриот стил е прашање на став, а не на буџет. Со цена помала од 10 евра, бенглс нараквиците се претворија во универзален аксесоар кој може да се носи самостојно, во пар или во слоеви – и секој избор изгледа совршено.
Она што ги издвојува оваа година е неверојатната разновидност. Се изработуваат од различни материјали: акрил, смола, пластика со стаклен изглед, па сѐ до мат финиши кои оставаат пософистициран впечаток. Некои се широки и скулпторални – идеални за смел моден израз, додека други се тенки, дискретни и едвај забележливи – но подеднакво важни. Палетата на бои се движи од транспарентни и неутрални тонови до живописни и интензивни нијанси, што овозможува бескрајно комбинирање.
Најголемата предност на овој тренд? Нема правила! Бенглс нараквиците се олицетворение на слободниот, разигран пристап кон модата, без строги насоки – токму затоа се највеселиот и најзабавниот детаљ на сезоната.
Секако, познатите дизајнери нудат свои верзии, но вистинската магија е во пронаоѓањето на модели кои изгледаат луксузно, а чинат помалку од обичен оброк. Новата филозофија на стилот – мешање на дизајнерски елементи со „low-cost“ парчиња – го има идеалниот израз токму во бенглс нараквиците: изглед кој делува случајно и лежерно, но зад кој се крие совршено изграден моден инстинкт.
Комбинирајте ги со ленени костими и бандо топчиња за време на одмор, носете ги во градот со oversize сакоа и металик детали, стилизирајте ги за вечерни излегувања со мини фустани и чанти преку рамо или пак понесете ги на плажа со костим за капење и лесен кафтан.
Зашто вистинскиот стил, како и летото, сака да биде слободен, сјаен — и достапен.
Како ги носат инфлуенсерките – погледнете во галеријата на фотографии.