Home Вебкафе Банана и чаша топла вода – одличен почеток на денот

Банана и чаша топла вода – одличен почеток на денот

Едноставната комбинација од чаша вода и една банана е одлична за почеток на работните, но и на викенд деновите.

Бананата е богата со минерали, витамини, влакна и други хранливи состојки и е вистинска енергетска бомба за нашиот организам, бидејќи ја дава сета потреба енергија за вршење на секојдневните активности.

Но, дали знаете што ќе се случи ако изедете банана наутро на празен желудник во комбинација со чаша топла вода?

Освен што бананата е здрава, консумирањето со чаша топла вода може да помогне полесно да ги изгубите килограмите. На тој начин бананата го забрзува метаболизмот. Топлата вода помага влакната од овошјето полесно да се сварат. Доколку го комбинирате првиот оброк со здрава исхрана, умерено вежбајте и уште поумерено консумирајте алкохол, па брзо ќе ги видите резултатите.

Покрај тоа, бананата и пиењето топла вода даваат чувство на ситост па сигурно нема брзо да огладнете, а спречуваат и апсорпција на јаглени хидрати, што е од пресудна важност кај согорувањето на масти.

Важно е да ја јадете бананата и водата да ја пиете полека, најмалку половина час потоа да не јадете ништо друго.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Додека ја слушаме песната All I Want For Christmas Is You, Мараја Кери ја полни елката со кеш, не со сијалички

Додека остатокот од светот уште на почетокот на декември врти „All I Want For Christmas Is…