Бајден, дружа, а бе Камала не ти е жена


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот човек на САД, претседателот Џо Бајден, пак ги „измеша лончињата и капачињата“.

Бајден направи уште еден гаф кога американската потпретседателка Камала Харис ја нарече – прва дама на САД.

Тој ја направи грешката сакајќи да објасни дека Харис не била со него на некој настан поради тоа што нејзиниот сопруг Даг Емхоф бил позитивен на тестот за коронавирусот.

– Направена е мала промена во тоа кој ќе ѝ се обрати на јавноста, бидејќи сопругот на првата дама на САД се заразил со коронавирусот – рече Бајден.

Бајден потоа се пошегувал со новинарите кога му било кажано дека направил грешка.

Да потсетиме, американскиот лидер неодамна имаше грешка кога ги нарече Украинците „Иранци“ за време на традиционалниот говор во Конгресот за состојбата на нацијата.

Инаку, првата дама на САД е Џил Бајден со којашто Џо Бајден е во брак уште од 1977 година.