Авион се урна на Алпите, загинале сите патници


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германски авион од Втората светска војна се урна во планините во источниот дел од Швајцарија при што загинале сите 20 патници, соопшти швајцарската полиција.

Властите соопштија дека во несреќата загинале 11 мажи и девет жени, повеќето од Швајцарија, пренесе новинската агенција АП. Авионот бил во сопственост на компанијата „Ју ер“, која нуди туристички патувања со постари модели на воени авиони.

Официјални претставници изјавија дека авионот не испратил повик за помош и наведуваат дека истрагата за причината за несреќата ќе бида прилично комплицирана. Даниел Кнехт од швајцарската Агенција за безбедност во сообраќајот, соопшти дека според наодите авионот удрил во земјата речиси вертикално и тоа при голема брзина.

Полицијата најави прес-конференција на која ќе бидат соопштени детали за несреќата. Авионот марка Јункерс ЈУ52 ХБ-ХОТ, со три мотори, бил изграден во 1939 година во Германија. И припаѓал на компанијата „Ју ер“, основана во 1982 година од страна на љубители на воздухопловството.

Авионот се урнал вчера, додека летал на височина од 2 540 метри во кантонот Граубинден. Тој полетал од југот на Швајцарија и требало да слета на воен аеродром во близина на Цирих.

Медиумите објавија дека сите места на летот биле резрвирани, што значи дека во падот загинале 20 лица. Очевидци од еден планинарски дом изјавиле дека авионот направил ненадејно свртување непосредно пред падот и додале дека по ударот на леталото во земјата не чуле експлозија.