Плетениот елек повторно е есенски фаворит: идеи за лесно и впечатливо комбинирање
Оваа есен плетениот елек не е резервиран само за класичниот колеџ-стил. Се носи врз бела кошула, тенка ролка или маица, но и самостојно со панталони со висок струк. Во фокусот се моделите со V-израз, интересни шари и изразена текстура, како и оние со полуролка.








