Home Вебкафе Astrograph: Пенкало од вртоглави 19.000 долари (видео)

Astrograph: Пенкало од вртоглави 19.000 долари (видео)

Брилијантните умови од комапнијата „MB&F“ направиле соработка со швајцарската компанија „ Caran d’Ache“ со цел да креираат прекрасно пенкало, наречено Astrograph. На тој начин е создадено воодушевувачката механичка ракета-пенкало.

Со тело во облик на ракета, минијатурен астронаут и кутија која е дизанирана како платформа за лансирање.

9-12-astrograph

На овој проект е работено цели четири години со цел се да биде завршено и префинето, бидејќи само инструментот за пишување има 99 пескарени, сатенски и родиумски компоненти, со три ногалки за стабилизирање кои му овозможуваат да стои вертикално.

„MB&F“ не импресионира со завршните детали од родиум со висок сјај, пискарен мат родиум за ролерот на пенкалото и рутениумски антрацит украси.

Притоа, перото на пенкалото е направено од 18-каратно злато кое е обложено со родиум.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…