Home Шоубизнис Аријана Гранде ги посети повредените во Манчестер

Аријана Гранде ги посети повредените во Манчестер

Американската пејачка Аријана Гранде допатува во ненајавена посета на мачестерската Кралска детска болница за да ги посети своите хоспитализирани фанови, кои беа ранети при терористичкиот напад за време на нејзиниот концерт во Манчестер на 22 мај.

Аријана во Манчестер допатува синоќа, при што најави дека ќе одржи хуманитарен концерт за прибирање средства за помош на жртвите на нападот и на членовите на нивните смејства.

При нападот на концертот на Аријана Гранде во Манчестер загинаа 22 лица, а над 100 беа полесно или потешко ранети.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …