Home Вебкафе Археолошки наоди: Озлогласениот Алкатраз бил изграден врз воена тврдина

Археолошки наоди: Озлогласениот Алкатраз бил изграден врз воена тврдина

Резултатите од археолошките ископувања поврзани со локацијата на озлогласениот затвор Алкатраз потврдија она во кое истражувачите се сомневаа со години. Алкатраз бил изграден врз воена тврдина која датира од Граѓанската американска војна.

Истражувачите пронашле неколку простории и тунели под дворот на Алкатраз, доизграден во 20. век, а во којшто некогаш казна служеше и најпознатиот мафијаш Ал Капоне.

Притоа се користени радари и ласерско скенирање на земјата, како и историски мапи и фотографии. Пронајдени сe целосно закопани градби, складишта со муниција и тунели.

Алкатраз првпат го привлече вниманието на американската јавност кога САД во 40-тите години од 19 век ја презедоа Калифорнија од Мексико.

Местоположбата во заливот Сан Франциско го чини примамлив за воени цели.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Марго Роби во фустан во стил на долна облека и балетанки „Мери Џејн“ ги освои улиците на Париз

Марго Роби одлично знае како дури и обичната прошетка по улиците на Париз да ја претвори в…