Home Актуелно Апелација пресече: Слободан Богоевски ги доби на суд Али Ахмети и Муса Џафери

Апелација пресече: Слободан Богоевски ги доби на суд Али Ахмети и Муса Џафери

Бившиот разузнавач Слободан Богоевски, според одлуката на Апелациониот суд во Скопје, не ги клеветел функционерите од ДУИ, Ахмети и Џафери.

Тројца судии во Совет кој вчера ја изрече оваа пресуда и кои патем не сакаа да си ги кажат имињата пред јавноста го одбија барањето на Али Ахмети и Муса Џафери со што тие го загубија овој спор за сведочењето на Богоевски во САД за Маѓар Телеком.

Апелација ја прифати жалбата на Богоевски. Ова беше второ судење во Апелација, бидејќи претходниот пат кога судијата од граѓанскиот суд Нухи Рустеми го судеше, апелациските судии го вратија назад со аргумент дека има серија повреди на постапакта.

Инаку Богоевски во сведочењето кажал дека двајца високи функциоенри од ДУИ примиле мито од Маѓар Телеком од по 2 ипол милиони денари. По ова Ахмети и Џафери бараа отшета од 90 илјади евра од кои се откажаа во меѓувреме.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…