Home Актуелно Апелација му го укина притворот во Шутка – Зекири оди во домашен притвор и му се одзема пасошот

Апелација му го укина притворот во Шутка – Зекири оди во домашен притвор и му се одзема пасошот

Апелациониот суд го укина притворот на бившиот владин генерален секретар Мухамед Зекири и му го замени со домашен притвор.

Како дополнителна мерка на претпазливост на Зекири ќе му биде одземен и пасошот.

Зекири, повеќе од три недели не е во затворот Шутка туку е на лекување во скопската инфективна клиника. Неговата жалба е прифатена од Апелација.

Зекири како активен генерален секретар на владата на 9-ти април беше осомничен за злоупотреба, како што тврди обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, поради склучување на незаконски договор за консултнатски договор со хрватска фирма.

Зекири даде оставка на функцијата, а судот му определи притвор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…