Антикорупциска самоиницијативно отвора случаи за тендерот на Рашковски и пицеријата на Усеини


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Државната комисисја за спречување на корупција во денешното соопштение ја извести јавноста дека самоиницијативно отвора два нови предмети кои ќе ги „чешла“ за евентуален можен коруптивен контекст и злоупотреба на службена должност.

Едниот од двата предмети е за јавната набавка и инсталација на АТМ ситстемот за управување со воздушниот сообраќај и за улогата во оваа набавка на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Освен тоа корупционерите ќе ја испитуваат и дивоградбата кај чинарот во Охрид, која е во сопственост на советникот на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини.

Ова се две постапки кои Антикорупциска ги отвора по своја иницијатива, по овјавени информации во медиумите.