Home Актуелно Анѓушев најави повлекување од политиката после изборите – еве го коментарот на Заев за тоа

Анѓушев најави повлекување од политиката после изборите – еве го коментарот на Заев за тоа

Вицепремиерот за европски прашања, Кочо Анѓушев, најави дека ќе се повлече од политичките води после најавените предвремени парламентарни избори закажани за април 2020 година.

Премиерот Заев, прашан за став за ваквата одлука на Анѓушев, истакна дека ќе разбере ако Анѓушев сака да се посвети на своите компании.

„Анѓушев е повикан да биде дел од владата како претставник на коморите за овој мандат. Тој е сопственик на големи фирми, кои вработуваат над 1.000 лица и ќе имам разбирање ако сака да се посвети на нив. Дружејќи се со него видов дека добивката му е намалена за 50 отсто и тој е неопходен таму. Ќе разговараме и со него секако ако граѓаните ни ја дадат честа и правото за нова влада на претстојните избори“, кажа Заев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…