Amazon руши рекорди: За претстојните празници ќе отвори нови 120.000 работни места

Amazon истакна дека отвора повеќе од 120 илјади работни места ширум САД поради празниците кои доаѓаат.

Тоа е нов рекорд за оваа компанија, која минатата година бараше 100 илјади сезонски работници. Работните места кои ќе ги исполнат работниците се во секторот за сортирање на производите и во службата за корисниците.

Бројките секоја година тесно се следат, особено за време на празниците. Вработените за време на празниците не се вбројуваат во 268-те илјади постојано вработени лица, но од „Amazon“ порачуваат дека тие позиции можат да ги доведат до оние повисоките во компанијата.

Минатата година имаа околу 100 илјади сезонски работници од кои повеќе од 14 илјади останаа да работат за нив и после прзниците.

Сезонското вработување на „Amazon“ повеќе од двојно се зголеми од 2012 година, кога компанијата создаде 50 илјади работни места за време на празниците.

Во последните неколку години, компанијата постојано ја проширува својата мрежа на центри, а попат гради и сопствен систем за испорака со авиони, камиони и други превозни средства.