Алесандра Амброзио ја покажа совршената фигура (фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Супермоделот Алесандра во неделата ги почести нејзините 10 милиони следачи на Инстаграм со неколку летни фотографии, на кои се гледа како ужива во уште еден убаво поминат викенд на плажа.

39-годишната Бразилка го „запали“ Инстраграм со својата беспрекорна фигура во ултра мини бикини, и покажа зошто е една од најбараните супермодели за реклама на костими за капење.

Поранешниот ангел на „Викторија“ сè уште плени со едноставност и ненаметлива убавина. Таа секогаш е опуштена и одлично комуницира со својата женственост – навики кои ја одвојуваат од толпата.

Понекогаш таа ја носи својата темна коса пуштена, а изгледот го дополнува со светкави очила за сонце Авијатор.