Живот

Алергијата од Сонце знае да биде голем проблем – еве неколку совети за навремена заштита

Иако е докажано дека прилично добро ја штитат кожата од штетните влијанија на UV зраците, кремите со заштитен фактор, за жал, не можат во целост да ја заштитат кожата. Особено не онаа почувствителната кожа. Кај неа со најмало појавување на сонце може да дојде до црвенило, флеки, предвремено стареење и други несакани појави.

Кога зборуваме за изложување на сонце, не мислиме само кога лежите на плажа и се сончате. Во овие денови на изолација, често излегувате барем во дворот или на тераса да “ве фати сонце“.

Ако сте од оние кои имаат алергија, тоа е веќе голем проблем.

Овие појави на почетокот ги има на оние делови од кожата кои се изложени на сонце, но доколку не се превземе нешто на време, тогаш тоа може да се прошири по целото тело.

За да се заштитите навреме, да не дојде до посериозни оштетување на кожата за почеток практикувајте ги основните правила:

-не излегувајте директно на сонце во период од 10 и 16 часот.

-носете капа или шешир и очила за сонце кога излегувате надвор.

-нанесете крема со заштитен фактор на целото тело, особено обрнете внимание на задскриените делови и на оние каде кожата е почувствителна.

-пред изложување на сонце, не ставајте парфеми, особено ако тие се на база на лимон.

Advertisements
To Top