„Ако ви се оди по нужда, а не сакате да ви загори ручекот“ – најбесниот оглас за стан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дали би плаќале 530 долари месечна кирија за станче кое е толку мало што кујната и вецето се наоѓаат во иста просторија?

Некој и тоа како би го правел тоа, бидејќи ова станче од само 18,5 метри квадратни зафатнина се наоѓа во богатиот дел од Сент Луис. Но, за веце шолјата и шпоретот да ви бидат едно до друго, тоа навистина треба да го видите за да поверувате.

Можностите за визуелизација се бесконечни: во ова станче, да речеме, можете да вршите голема нужда и ппатно да го мешате ручекот да не ви загори. Имајќи во предвид дека во близина е и кадата, замислете колку време ќе заштедите бањајќи се и јадејќи истовремено.

И додека за некои оваа комбинација за исполнување на просторот е одвратна, има такви кои на тоа гледаат со симпатии и одоброволување. Ако мислите дека станот уште се издава, се лажете. Веќе е зафатен со кираџија (или можеби кираџии).

Можеби нема засебна бања и кујна, но има простран вграден ормар и се наоѓа на елитна локација. Што сакате повеќе? 😀