Ахмети на свеченото откривање на споменикот во Слупчане: „Оваа земја не може да има историја и иднина без ОНА“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на свеченото откривање на споменикот посветен на ОНА во Слупчане изјави: „Oвој споменик нѐ обединува. Ослободителната национална армија (ОНА) е дел од нераскинливата историја на оваа земја.

Спомен-кулата во село Слупчане е изградена во чест на загинатите од конфликтот во 2001година.

– Не може да има историја оваа земја без ОНА, не може да има иднина оваа земја без најголемото достигнување, Охридскиот мировен договор како резултат на оваа армија, иднината на оваа земја е Договорот од Преспа, договор кој не направи членка на НАТО – рече Ахмети.

Спомен-кулата на ОНА во Слупчане чини 200.000 евра општински пари. Висока е 20 метри.

Изградбата на спомен-кулата предизвика повеќе дилеми поврзани со нејзината законитост. Градоначалникот на општината тврди дека има дозвола за градба, но Министерството за транспорт и врски негираше дека била побарана дозвола од нив. Министерството за култура се огради наведувајќи дека надлежноста според Законот за меморијални споменици и спомен обележја е на Собранието или на единиците за локална самоуправа.

Втори мај е датумот на кој во 2001 година ОНА го прогласи Липково за слободна територија.