Агитаторите за исфрлање на Фидес од клубот на ЕНП за Орбан се „корисни идиоти“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, упати нова доза критики кон клубот на Европски народни партии во рамки на Европскиот парламент, нарекувајќи ги „корисни идиоти“.

Европските народни партии пред некое време отворено побараа Фидес, партијата на Виктор Орбан, да биде исфрлена од Европскиот парламент. Оваа агитација беше одговор на контровезните постери кои осамнаа низ Унгарија на кои беа прикажани Џорџ Сорос и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Ваквата кампања на унгарската влада беше критикувана дека промовира антисемитски ставови.

Орбан за германскиот весник „Велт“ ги отфрли обвинувањата кои се упатени на сметка на неговата влада и партија.

„Унгарците не ги сметаат тие постери за антисемитски. Не можам јас да сторам ништо со фактот дека Џорџ Сорос, Унгарец, по потекло е Евреин“, рекол Орбан.

„Оние кои повикуваат на исфрлање на Фидес се, кажано со речникот на Ленин, целосни корисни идиоти. Веруваат дека водат духовна борба, а всушност им служат на интересите на други, односно на интересите на нашите опоненти“, рекол Орбан.