
Поминаа повеќе од 25 години откако „Сите го сакаат Рејмонд“ првпат се појави на телевизиските екрани.
Популарната хумористична серија почна да се емитува на Си-би-ес на 3 септември 1996 година. Во неа играа Реј Романо, Патриша Хитон, Бред Герет, Дорис Робертс, Питер Бојл, Моника Хоран и Мадилин Свитен.
Во текот на емитувањето, „Сите го сакаат Рејмонд“ освои бројни признанија, меѓу кои и 15 награди „Еми“. По девет сезони, серијата заврши на 16 мај 2005 година.
Актерите од оваа телевизиска комедија остварија големи успеси во своите кариери и стекнаа значително богатство.
Рангирањето на главната актерска екипа е направено според проценетото нето-богатство, од најниското до највисокото. Најбогатиот член на екипата располага со околу 200 милиони долари.
Серијата е достапна за стримување на платформите „Пикок“ и „Парамаунт плус“.
Извор: Just Jared