Home Шоубизнис Зад сцената на „Округот Оринџ“: книга за заминувањето на Миша Бартон, однесувањето на Адам Броди и аудицијата на Ема Стоун

Зад сцената на „Округот Оринџ“: книга за заминувањето на Миша Бартон, однесувањето на Адам Броди и аудицијата на Ема Стоун

Актерската екипа на „Округот Оринџ“

И по толку години, „Округот Оринџ“ сè уште има верна публика.

Популарната тинејџерска драма се емитуваше на Фокс од 2003 до 2007 година и имаше четири сезони. Во неа играа Бен Мекензи, Миша Бартон, Адам Броди, Рејчел Билсон, Питер Галагер, Кели Роуан, Мелинда Кларк, Алан Дејл, Отом Ризер, Вила Холанд и Крис Кармак.

Во 2023 година, Алан Сепинвол ја објави книгата „Добредојдовте во Округот Оринџ: Усна историја“. Во неа, авторот на серијата Џош Шварц, извршната продуцентка Стефани Севиџ и неколкумина од актерите споделуваат досега помалку познати детали од снимањето.

Меѓу темите што ги обработува книгата се заминувањето на Миша Бартон, проблематичното однесување на Адам Броди на сетот и аудицијата на Ема Стоун за улога во серијата. Откриено е и со кого од актерската екипа сите сакале да излегуваат, како и кој лик за малку ќе бил усмртен уште во првата сезона.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Што подготвуваат ѕвездите на „Heated Rivalry“ по успехот на серијата?

Додека се ближи првата годишнина од премиерата на „Heated Rivalry“, актерите работат на но…