
Сценаристот и режисер на „Focker-in-Law“, Џон Хамбург, објасни зошто Барбра Стрејсенд и Дастин Хофман не се вратија во новиот филм од серијалот.
Стрејсенд (84) и Хофман (89) му се приклучија на серијалот „Meet the Parents“ во 2004 година, со филмот „Meet the Fockers“. Тие ги играа Роз и Берни Фокер, родителите на Гејлорд „Грег“ Фокер, ликот што го толкува Бен Стилер. Двајцата повторно се појавија во „Little Fockers“, кој пристигна во кината во 2010 година.
Уште кога во јули 2025 година беше најавен „Focker-in-Law“, беше потврдено дека Стрејсенд и Хофман нема да ги репризираат своите улоги. По излегувањето на филмот, Хамбург ја откри причината за отсуството на двајцата оскаровци.

Во разговор за „Вараети“, режисерот рече дека не сакал на толку легендарни актери да им понуди само мали улоги.
„Беа неверојатни во ‘Meet the Fockers’. Но, сакав да се вратам на едноставноста на оригиналниот ‘Meet the Parents’. Дастин и Барбра се толку легендарни што не сакав да ги вратам со помали улоги ако не можев да им посветам доволно внимание на нивните ликови, бидејќи имав толку многу нови ликови“, објасни Хамбург.
„Ако ги вратев, ќе морав да им скратам простор на Оливија, Хенри, Саманта и Едуардо. Беше тешка одлука. Не дека тие сигурно ќе се согласеа да се вратат. Но, за оваа приказна, ми се чинеше дека во филмот нема простор за сето тоа“, додаде тој.
Сепак, Хамбург ја остави отворена можноста за нивно враќање: „Но, можеби во петтиот филм…“

Покрај Бен Стилер, во новото продолжение своите улоги од првите три филма ги репризираат и Роберт де Ниро, Тери Поло, Блајт Данер и Овен Вилсон.
Меѓу новите имиња во актерската екипа се Аријана Гранде, Скајлер Гизондо и Бини Фелдстајн.
„Focker-in-Law“ веќе се прикажува во кината.
Извор: Just Jared