Home Шоубизнис Бакнеж под огномет: Хејли Бибер го прослави 30. роденден со Џастин на луксузен одмор

Бакнеж под огномет: Хејли Бибер го прослави 30. роденден со Џастин на луксузен одмор

Со луксузен одмор покрај сопругот Џастин Бибер, Хејли го одбележа својот 30. роденден на 22 ноември и влегувањето во четвртата деценија од животот.

Манекенката сподели фотографии на Инстаграм, на кои се редат романтични моменти, егзотични глетки и впечатливи модни комбинации. Објавата привлече големо внимание.

Хејли Бибер

Меѓу највпечатливите кадри е бакнежот на сопружниците на дрвен мол, додека над нив небото го осветлува раскошен огномет во златни и зелени нијанси.

На другите фотографии двојката е насмеана и ужива во заедничките мигови, подалеку од секојдневните обврски.

Хејли Бибер

Златно бикини и впечатливи детали за роденденскиот одмор

За деновите на море, Хејли избра металик-златно бикини со триаголен крој, кое ја истакнуваше нејзината фигура. Врз него носеше долга наметка со животински дезен и забележлив кафеав крзнен детаљ околу јаката.

Комбинацијата ја дополни со плетен каубојски шешир, модерни очила за сонце и чанта со интересна текстура. Косата ѝ беше пуштена, а се издвојуваше и маникирот во интензивна сина боја.

Хејли Бибер

Во истата комбинација позираше и на брод, со морска панорама во заднината. За вечерните моменти, пак, избра поинаков изглед.

Наместо златното бикини, облече зелен топ со долги ракави, ѕвонести манжетни и украси од златни синџирчиња, во комбинација со панталони со животински дезен. Џастин остана доследен на својот опуштен стил и носеше широка бела кошула.

Хејли Бибер

Меѓу бројните честитки се издвои пораката на Камила Мороне

Пријателите ѝ упатија многубројни роденденски честитки. Актерката Камила Мороне објави фотографија од Хејли во златното бикини и напиша кратко: „Вака изгледаат 30 години“.

Хејли Бибер

Роденденот го дочека и со причини за задоволство на професионален план. Нејзиниот козметички бренд Rhode неодамна доби признание на доделувањето на наградите WWD Beauty Inc Awards 2026 во Њујорк.

Пред јубилејниот роденден, манекенката откри дека се навраќала на изминатата деценија, на успесите и на сето она што го постигнала.

– Многу размислував за сè додека се подготвував за овој голем роденден – рече таа.

Мајчинството оставило најсилен белег во нејзините дваесетти

Хејли и Џастин се венчаа во 2018 година и заедно го одгледуваат двегодишниот син Џек Блуз. Зборувајќи за годините зад себе, таа посебно нагласи колку ја променило доаѓањето на детето.

– Тоа што станав мајка дефинитивно најмногу влијаеше врз мене во моите дваесетти години – призна Хејли.

Мајчинството, според неа, е едно од најдрагоцените искуства во нејзиниот досегашен живот. И претходно зборуваше дека со радост го очекува новото поглавје, истакнувајќи дека сега се чувствува сигурна во себе и во личноста во која израснала.

Во интервју за магазинот TIME, таа не ја криеше возбудата поради претстојниот јубилеј.

– Едвај чекам да наполнам 30 години и да видам што сè ме очекува – изјави Хејли Бибер.


Извор: Story.rs

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Конор Вуд се пошегува дека за дел од публиката е „негативец“ во „Танц со ѕвездите“

Пред финалето на „Танц со ѕвездите“, Конор Вуд зборуваше за поделените реакции на интернет…