Home Шоубизнис Ќерката на Хејден Панетиер наводно наследила имот вреден над шест милиони долари

Ќерката на Хејден Панетиер наводно наследила имот вреден над шест милиони долари

Хејден Панетиер наводно ѝ оставила имот вреден повеќе од шест милиони долари на својата 11-годишна ќерка Каја. Според судските документи до кои „Пејџ сикс“ дошол во вторникот, на 24 ноември, девојчето е единствената наследничка на починатата актерка. Нејзин татко е поранешниот свршеник на Панетиер, Владимир Кличко.

Според профилот на „Линкедин“, Бенчивенга е даночна и финансиска советничка со седиште во Лос Анџелес.

Минатиот месец „Пипл“ објави дека Каја се појавила покрај својот татко на судско рочиште поврзано со оставината на Панетиер. На рочиштето одржано на 8 октомври тие се вклучиле од далечина. Девојчето накратко се појавило пред камерата за судијата да го потврди нејзиниот идентитет, откако прашал дали е со Кличко.

На рочиштето, на светскиот боксерски шампион му било доделено привремено старателство над оставината на неговата поранешна партнерка. Неговата адвокатка, Дајан Ј. Парк, го известила судијата дека Кличко бара дополнителни овластувања за да може да побара и да одобри надлежните органи да спроведат истрага и да помогнат во „враќањето на имот за кој се верува дека е незаконски присвоен“ од лице што не е член на семејството, додека трае постапката за оставината.

Владимир Кличко, поранешниот свршеник на Хејден Панетиер

Одлуката следувала откако поранешниот спортист претходно поднел судски документи со кои побарал одговори од надлежните органи зошто лични предмети на Панетиер биле пронајдени во заложувалница.

Еден месец по смртта на актерката, канцеларијата на судскиот вештак во Гринвил, Јужна Каролина, утврдила дека станува збор за несреќен случај. Како причина за смртта биле наведени „токсичните ефекти на фентанил, 4-АНПП, алпразолам, метокарбамол и кветиапин“.

Претставник на Панетиер тогаш изјавил за „Ас викли“ дека истрагата „сè уште трае“ поради „сложеноста“ на случајот.

„Со длабока тага ја споделуваме веста за трагичната смрт на нашата сакана Хејден. Таа беше неверојатна светлина и незапирлива сила, која им донесе неизмерна љубов и радост на сите што ја познаваа, како и на милионите што ја гледаа на екран“, се наведува во тогашната изјава на Скип Панетиер. „Ве молиме да ја почитувате нашата приватност додека нашето семејство се обидува да се соочи со оваа незамислива загуба.“


Извор: US Weekly

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Порша Вилијамс се сврши со Патрис „Свеј“ Мекини по една година врска

Ѕвездата на „Вистинските домаќинки од Атланта“, Порша Вилијамс, ја објави свршувачката со …