
Мети Хили и неговата сопруга Габриет Бехтел го очекуваат своето прво дете, според новите фотографии од двојката.
Веста за 37-годишниот фронтмен на The 1975 и 29-годишната манекенка се прошири откако магазинот „Пипл“ дојде до фотографии од нивното неодамнешно излегување.
Двајцата биле на пазарување во „Бристол фармс“ во Западен Холивуд, а на фотографиите кај Габриет се забележува трудничко стомаче. Сепак, ниту таа ниту Мети засега не ја потврдиле бременоста.

Мети и Габриет се венчаа во јули во „Кастиљо дел Лаго“, вила во Холивуд Хилс изградена во стилот на шпанската колонијална преродба.
За нивната врска првпат се дозна во септември 2023 година, кога беа забележани како се бакнуваат во Њујорк. Свршувачката следуваше во јуни 2024 година.

Мети и Габриет фотографирани на 6 ноември 2026 година.
Во интервју дадено пред свадбата, Габриет зборуваше за своите очекувања од брачниот живот со Мети.
Извор: Just Jared