
Двејн Џонсон го крена Пет Мекафи и го тресна врз маса во саботата, на 21 ноември, за време на емисијата „College GameDay“ во Корал Гејблс, Флорида.
Поранешниот кечер на WWE му демонстрираше на спортскиот аналитичар еден од своите препознатливи зафати при гостувањето во програмата на ЕСПН од Универзитетот во Мајами, каде што и самиот студирал.
Џонсон беше специјален гостин задолжен да ги прогнозира победниците на натпреварите, а се појави токму додека Мекафи го критикуваше тимот на неговиот поранешен универзитет.
„Никогаш не мислев дека ќе го кажам ова, но жалењето за судијата и за тоа дали топката била фатена или не, можеби беше најголемиот знак на слабост што сум го видел“, зборуваше Мекафи додека влегуваше Џонсон.
Рок ги поздрави останатите учесници во емисијата, а на Мекафи му порача: „Тебе ќе те оставам за малку подоцна. Веќе зборуваш лошо за Мајами“.
„Зборуваш лошо за Мајами. И тоа во нашиот кампус“, продолжи Џонсон. Аналитичарот одговори: „Не, сакав да кажам, зарем тоа не изгледаше малку слабо? Можеби никогаш не сум го видел Мајами толку слаб“.
Потоа тргнаа да се ракуваат, но Џонсон го крена Мекафи и го тресна врз масата.
„Колку слабо беше ова?“, го праша потоа Џонсон.
Мекафи подоцна објави снимки на Твитер. „Мислам дека тоа беше комплимент, @TheRock…“, напиша покрај едната, а покрај другата додаде: „Не мислев дека ти си слаб, @TheRock… Мислам дека веројатно се согласува со мене“.
Извор: Just Jared