
Ѕвездите на новиот филм на „Дизни“ повторно зачекорија на црвениот тепих. Хејли Стајнфелд, заедно со колешките Рашида Џонс и Џоди Фостер, присуствуваше на европската премиера на анимираниот филм „Hexed“, одржана во саботата, на 21 ноември, во киното „Одеон Лукс Лестер Сквер“ во Лондон.
Нивното појавување во британската престолнина следува само неколку дена по светската премиера на филмот во Лос Анџелес, на која присуствуваа минатата недела.



Каква приказна носи „Hexed“?
Во синопсисот што го објави „Дизни“, филмот е опишан како магична приказна за созревањето од студиото „Волт Дизни анимејшн“.
Импулсивната и неконвенционална тинејџерка Били, на која гласот ѝ го позајмува Хејли Стајнфелд, открива дека има скриени магични способности. Кога ќе ги ослободи, тие ја одведуваат од предградието на спектакуларно патување низ огромното вештерско царство Хексе. Принудена да ги здружи силите со својата претпазлива мајка Алис, чиј глас е Рашида Џонс, Били открива семејни тајни што би можеле засекогаш да го променат светот на вештерките.
Волтон Гогинс го позајмува гласот на Биф Роџер Крамчук, повлечен магичен мачор со три очи, кој склучува несигурен сојуз со Били и Алис. Двократната оскаровка Џоди Фостер ја оживува кралицата Селест, злокобен лик што нема да запре пред ништо за вечно да ја задржи власта над Хексе.
„Hexed“ почнува да се прикажува во кината на 25 ноември.

За лондонската премиера, Хејли избра креација на Харис Рид, додека Рашида носеше фустан од Ердем.
Извор: Just Jared