Творецот на „Наследници“, Џеси Армстронг, и Киран Калкин повторно ќе работат заедно, овојпат на филм.
Калкин, кој има 44 години, деновиве го промовира својот нов филм „The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“. Во неодамнешно интервју за радиото „Харт“ откри дека го очекува нова соработка со Армстронг.
Како што пренесува „Дедлајн“, актерот кажал дека Армстронг „напишал нешто“, но не споделил дополнителни детали за проектот.

По „Наследници“, Армстронг работеше на неколку проекти, меѓу кои и „Mountainhead“ за ХБО. Со Сем Бејн, со кого го пишуваше „Peep Show“, подготвува и филм за А24 со наслов „Jonty“, во кој играат Џеси Племонс и Кол Ескола.
Во разговорот Калкин призна и дека му недостига да го игра Роман Рој.
„Беше многу забавно затоа што уште на почетокот решив дека ова е човек кој никогаш во животот не морал да ги сноси последиците од своите постапки. Може со зборови да се вовлече во која било ситуација и да се извлече од неа. Замислете колку е забавно да се игра таков лик. Сосема откачен“, рече тој.

Но, иако повторно ќе соработува со Армстронг, Калкин ја отфрли можноста за спиноф од „Наследници“. На прашањето за таков проект, одговори:
„Се разбира дека не. Мислам дека тоа би било ужасна идеја. Што очекувате? ‘Братучедот Грег: Ситком’?“
Извор: Just Jared