Home Шоубизнис Вал Чмерковски со провокативна порака по елиминацијата на сопругата Џена од „Танц со ѕвездите“

Вал Чмерковски со провокативна порака по елиминацијата на сопругата Џена од „Танц со ѕвездите“

Вал Чмерковски реагира на елиминацијата на Џена Џонсон

Вал Чмерковски со провокативен коментар ја поддржа сопругата Џена Џонсон откако таа беше елиминирана од „Танц со ѕвездите“.

Во полуфиналето на популарното натпреварување на Еј-би-си, емитувано во вторникот, на 17 ноември, 32-годишната Џена и нејзиниот партнер, актерот Хари Шам Џуниор, изненадувачки останаа без место во финалето, иако таа вечер за двата танца добија максимални оценки.

Следниот ден, 40-годишниот Вал ѝ даде поддршка на сопругата со објава со интимна содржина.

Вал Чмерковски ја бакнува Џена Џонсон

На својата приказна на Инстаграм сподели фотографија од Џена на црвениот тепих и напиша: „Задржете си ги трофеите. Јас секое утро ја гледам оваа згодница како гола си ги мие забите“.

На пораката додаде и емотикон со лиги.

Во интервјуто по елиминацијата, Џена рече дека заедничките трауматични искуства ги зближиле сите учесници, а 44-годишниот Хари додаде дека „на социјалните мрежи е малку лудо“.

Џена Џонсон и Хари Шам Џуниор во „Танц со ѕвездите“

Актерот од серијата „Гли“ изрази надеж дека продукцијата ќе се позанимава со проблемот. „Мислам дека има доста малтретирање што воопшто не е пријатно и мислам дека тоа го чувствуваат и останатите учесници“, рече тој.

За самата елиминација, Хари изјави дека е спокоен со начинот на кој тој и Џена го завршиле настапот во шоуто. Двајцата освоија 30 од можни 30 поени за пасо добле на „We Found Love“, а потоа добија уште 30 поени за квикстеп на верзијата на „Valerie“ од „Гли“. Хари ја избрал песната во чест на својата почината колешка Наја Ривера.

Тричасовното финале на „Танц со ѕвездите“ ќе се емитува во живо низ САД во вторник, на 24 ноември, во 20 часот по источноамериканско, односно во 17 часот по пацифичко време, на Еј-би-си и Дизни+.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Зои Кида го претстави спотот за „Бог додира“: Интимна песна за љубовта, нежноста и допирот

Зои Кида на синоќешниот концерт во „БитефАртКафе“ премиерно го прикажа спотот за „Бог доди…