Клои Кардашијан не го криеше незадоволството од поранешниот сопруг Ламар Одом во епизодата на „Кардашијанови“ емитувана во четвртокот, на 19 ноември. Ријалити-ѕвездата, која има 42 години, се вознемири кога Ким Кардашијан ѝ покажа неколку негови интервјуа во кои зборува за неа.
Клои рече дека за неа бракот со 47-годишниот Одом бил вистински и искрен. „Токму тоа толку многу ме боли. Кога гледам колку сум била изиграна, мислите ли дека некогаш повторно би сакала да му верувам на некој маж? Не“, изјави таа.
Во изјава пред камерите, Клои нагласи дека не се кае за своите постапки. „Кога ќе се навратам на врската со Ламар, горда сум на тоа како се однесував и на сè што избрав да направам за него, без тој воопшто да го побара тоа од мене. Затоа што навистина верувам дека така требаше да постапам“, рече таа.
„Бесна сум. Но, без оглед на тоа како Ламар на крајот се однесуваше кон мене, тоа не менува ништо. Не верувам во око за око. Само сакам да постапувам исправно. Сакам да се водам од добри морални начела и да бидам мирна со себе. Секој во одреден момент од животот ќе мора да се соочи со сопствената совест“, додаде Клои.
Таа откри и каква порака Одом ѝ испратил на нејзина пријателка по објавувањето на документарецот на Нетфликс, Untold: The Death & Life of Lamar Odom. „Пред три дена ѝ напишал: ‘Ние секогаш ќе бидеме семејство. Кажи ѝ на Клои дека јас го реков тоа’“, раскажа таа.
Клои и Ламар се свршија во 2009 година, по само еден месец врска, а истата година се венчаа на церемонија пренесувана на телевизија. Четири години подоцна таа поднесе барање за развод, но потоа ја одложи постапката откако Одом беше пронајден без свест во бордел во Лас Вегас. Поранешниот спортист помина три дена во кома, по што му беа потребни месеци рехабилитација.
Нивниот развод беше официјализиран во 2016 година. Нивната врска повторно се најде во фокусот со документарецот од серијалот Untold, објавен на Нетфликс претходно годинава. Проектот привлече внимание откако Одом се огради од тврдењето дека Клои му го спасила животот по речиси фаталното предозирање во 2015 година.
Извор: US Weekly