
ХБО објави 22 нови фотографии од четвртата епизода на четвртата сезона на „Позлатеното доба“, која ќе се емитува во недела навечер, на 22 ноември.
Епизодата е насловена „Добар вкус“.

Според објавениот опис, Агнес се обидува повторно да ја преземе контролата врз претседателската вечера, кариерата на Пеги предизвикува раздор меѓу неа и Вилијам, а Ада случајно го среќава д-р Харис.
Фотографиите навестуваат повеќе случувања: средба на Агнес, Берта и други ликови, навидум посветена на претседателската вечера, натамошното присуство на Џек во високото општество, како и првите денови од брачниот живот на Пеги и Вилијам.

Се чини дека Берта и Енид повторно ќе се сретнат, а се очекува ни овојпат да не изостанат острите забелешки.
Изгледа дека ќе има и повеќе сцени со менторот на Вилијам, д-р Реџиналд Харис, кого го игра Денис Хејзберт.

По нивниот краток заеднички момент на свадбата, засега не е познато дали нешто ќе се развие меѓу новиот лик и Ада Форте, која ја толкува Синтија Никсон.



Извор: Just Jared