
Клои Кардашијан отворено зборуваше за својата сексуалност и се препозна во описот на демисексуалноста.
Ријалити-ѕвездата, која има 42 години, во последниве години јасно кажува дека не е заинтересирана за мажи и љубовни состаноци, бидејќи целосно им е посветена на своите две деца. Во епизода од The Kardashians, емитувана во октомври 2025 година, откри дека со години немала секс.
Во епизодата од нејзиниот подкаст Khloe in Wonder Land, објавена во средата, на 18 ноември, нејзиниот гостин и долгогодишен пријател Сајмон Хак ѝ посочи дека можеби е демисексуална.
„Демисексуална е личност која може да има романтична и интимна врска со некого само ако претходно воспоставила емоционална поврзаност“, објасни 43-годишниот Сајмон. „Значи, ако си демисексуален, речиси е невозможно да имаш авантура за една ноќ. А мислам дека и ти си демисексуална.“
Клои сметаше дека тој опис ѝ одговара. „Мислам дека никогаш не сум имала авантура за една ноќ. Ќе се сеќавав. Јас сум демисексуална? Леле“, рече таа.
Во продолжение на разговорот, Клои раскажа како изгледа нејзиниот живот по речиси пет години без сексуални односи, период што започнал по разделбата со Тристан Томпсон во 2021 година.
„Во моментов навистина ми е тешко воопшто да размислувам да се зближам со некого, бидејќи чувствувам дека премногу работи се случија“, објасни таа. „Сега ми е толку добро што се плашам да направам нешто што би можело да заврши како моите минати искуства. Разбираш што сакам да кажам?“
Сепак, призна дека ѝ недостигаат одредени нешта од љубовните врски.

„Понекогаш само сакам некој да ме бакне“, призна Клои. „Но не е дека нужно си велам: ‘Морам да имам секс’. Понекогаш ми недостига само една обична, убава прегратка — но од некој од кого навистина ја посакуваш.“
Клои и Сајмон разговараа и за отворените врски и за тоа колку таквиот однос би можел да биде тежок за некој што се препознава како демисексуален. Сепак, таа рече дека ги цени јасните граници и „правилата“ што се договараат во таквите врски.
„Само дајте ни правила“, рече Клои. „Не ми се допаѓа тоа што секој маж вели: ‘Јас сум посветен на врската. Вака ќе функционираме’. А потоа оди и изневерува. Толку многу девојки би ги прифатиле тие правила. Она што не го прифаќам е лажењето. Остави ме самата да одлучам.“
Извор: Just Jared