
Роберт Патинсон ја доби поддршката од Пирс Броснан за улогата на Џејмс Бонд.
По повеќемесечни гласини и наводни пробни снимања, на почетокот на неделава беше објавено дека 40-годишниот Патинсон ќе го игра следниот Џејмс Бонд.
Неколку дена по објавата, 73-годишниот Броснан му честиташе на својот колега преку Инстаграм.
„Драг Роберт, добредојде во светот на Бонд. Ќе бидеш извонреден. Со задоволство се сеќавам на времето што го поминавме заедно снимајќи го ‘Запомни ме’“, напиша Броснан.
„Вистинска радост беше да гледам како создаваш импресивен актерски опус и како постојано напредуваш. Уживај во оваа авантура. Со многу љубов, Пирс“, додаде тој.

Двајцата актери соработуваа во драмата „Запомни ме“ од 2010 година, во која играа татко и син.
Броснан го толкуваше славниот британски таен агент од 1995 до 2002 година. Како агентот 007 се појави во „Златно око“ (1995), „Утре никогаш не умира“ (1997), „Светот не е доволен“ (1999) и „Умри друг ден“ (2002).
Патинсон, наводно, потпишал договор за три филма.
Извор: Just Jared