
Тејлор Свифт се врати на сцената на кантри-наградите ЦМА по пауза подолга од една деценија.
Пејачката, која има 36 години и двапати ја освоила наградата на ЦМА за забавувач на годината, настапи на годинешното доделување во средата, на 18 ноември, во арената „Бриџстоун“ во Нешвил, Тенеси.


Облечена во краток бело-црвен фустан и светкави каубојски чизми, Свифт ја започна изведбата на „I Knew It, I Knew You“, нејзината песна од филмот „Приказна за играчките 5“, зад сцената. Притоа помина покрај Бред Пејсли, дуото Брукс и Дан, Лејни Вилсон и други ѕвезди на кантри-музиката.
Додека се движеше кон сцената, ѝ се придружија танчари облечени како каубојци.

Кога стигна до средината на сцената, Свифт го запеа рефренот на „Our Song“, а на гитара ја придружуваше Кит Урбан. Песната е од нејзиниот деби-албум, насловен по неа, кој беше објавен пред 20 години.
Ова беше нејзин прв настап на ЦМА по 13 години. Последен пат на доделувањето на овие кантри-награди се појави во 2016 година.
Претходно неделава, Свифт доби пет номинации за наградите Греми за 2027 година, меѓу кои и за албум на годината.



Извор: Just Jared