По две години работа и творење, Лена Ковачевиќ го претставува „Anima“, музички проект во кој ги спојува своите авторски идеи, емоциите и љубовта кон различни музички правци. Албумот содржи единаесет песни, секоја како одраз на поинаква состојба на душата, и отвора ново поглавје во нејзината кариера. Првиот сингл, „Ljubomora“, ѝ овозможува на публиката да го насети звукот на новото издание.
Извор: Story.rs