Home Живот и здравје Тост со рикота и јаболка: вкус на пита за утро без брзање

Тост со рикота и јаболка: вкус на пита за утро без брзање

Ако ја сакате питата со јаболка, но немате време да месите тесто, да сукате кори и да чекате да се испече, пробајте ја оваа побрза, поздрава варијанта. Тостот со рикота и јаболка го спојува крцкавиот леб со кремасто сирење и сочни јаболка со цимет, а вкусот потсетува на традиционалната пита. Освен што се подготвува лесно, привлечен е и поради различните текстури: крцкав тост, нежна рикота и меки, благо карамелизирани јаболка.

Како да подготвите тост со рикота и јаболка

Рецептот лесно се приспособува на вашиот вкус. За повеќе сладост додајте малку мед или јаворов сируп, а за дополнителна крцкавост — сечкани ореви или бадеми. Може да го послужите како појадок, ужина или едноставен десерт со кафе.

Тост со рикота, јаболка и цимет

Состојки:

  • 2 парчиња леб по избор, интегрален или со кисело тесто
  • 100 г рикота
  • 1 поголемо јаболко
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка путер
  • 1–2 лажички мед или јаворов сируп
  • Малку екстракт од ванила
  • Сечкани ореви или бадеми, по желба

Подготовка:

Измијте го и исчистете го јаболкото, па исечете го на тенки резанки или на ситни коцки. Загрејте го путерот во тава и додајте ги јаболкото, циметот и малку ванила. Пржете неколку минути, додека јаболкото не омекне и благо не се карамелизира. По желба, додајте лажичка мед или јаворов сируп.

Потпечете ги парчињата леб во тостер или во тава. Измешајте ја рикотата со малку мед и намачкајте ја врз топлиот тост. Одозгора наредете ги јаболката, посипете со сечкани ореви или бадеми и додајте прстофат цимет.

Мал трик: За покремаста текстура, кратко изматете ја рикотата со виљушка или со миксер, додавајќи малку мед и ванила. Ќе добиете нежен, воздушест намаз што убаво се вклопува со топлите јаболка.

Тост со кремаста рикота и топли јаболка
Тост со рикота и јаболка
Сладок тост со јаболка и цимет

Зошто да го пробате овој тост?

Со едноставна подготовка и состојки што често веќе ги имаме во кујната, овој тост е добар избор кога ни се јаде нешто слатко, а не сакаме долго да готвиме. Послужете го веднаш, додека јаболката се топли, а рикотата кремаста, или збогатете го со омилените јаткасти плодови. За викенд-појадок без брзање, попладневна ужина или десерт со кафе, тој ги носи познатите ароми на питата со јаболка во поинакво издание.


Извор: Lepota i Zdravlje

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Дијабетесот може долго да остане незабележан: зошто е важно навреме да се открие

По повод Светскиот ден на дијабетесот, 14 ноември, фокусот е на раното откривање на болест…