Home Шоубизнис Џо Џонас и Татјана Габриела ја прекинале врската по една година

Џо Џонас и Татјана Габриела ја прекинале врската по една година

Џо Џонас и Татјана Габриела се разделиле

Џо Џонас повторно е сингл. Извори за „Ас викли“ откриле дека 37-годишниот пејач од „Џонас брадерс“ и неговата девојка Татјана Габриела ја прекинале врската по една година заедно.

„Летото прекрасно си поминаа патувајќи заедно, но потоа односите почнаа да се менуваат. Промените дојдоа кога Џо имаше сè повеќе работни обврски, па поминуваа сè повеќе време одвоено“, раскажал изворот.

Според магазинот, 30-годишната манекенка била таа што решила да ја заврши врската.

Џо Џонас и Татјана Габриела се држат за раце

„Имаа и одредени проблеми со довербата што се обидуваа да ги надминат. Многу се забавуваа заедно и навистина си одговараа, па пријателите сè уште се надеваат дека можеби ќе успеат да ги средат работите. Но, во моментов едноставно имаат различен начин на живот“, додал изворот.

Џо има густ распоред поради турнејата „Burning Up Tour All Over Again“ со браќата Ник и Кевин Џонас, со настапи закажани до крајот на годината. Покрај тоа, со поранешната сопруга Софи Тарнер, која живее во Лондон, ја дели грижата за нивните ќерки, шестгодишната Вила и четиригодишната Делфин.

„Џо има многу обврски, и со работата и како татко, а на некого може да му биде тешко да се вклопи во сето тоа“, рекол изворот.

Џо и Татјана првпат беа поврзани како пар во летото 2025 година. На почетокот од годинава беа забележани заедно на фестивалот „Коачела“, а во јули летуваа во Италија.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Топло, удобно и елегантно: Наташа Беквалац во чоколаднокафеав теди-капут

Теди-капутите остануваат меѓу омилените зимски парчиња, а Наташа Беквалац избра модел во ч…