
„Енсинк“ (NSYNC) и натаму важи за еден од најпопуларните машки поп-бендови на сите времиња.
Џастин Тимберлејк, Крис Киркпатрик, Ленс Бас, Џои Фатон и Џеј Си Шазе ја основаа групата во 1995 година, а огромниот успех го постигнаа во 1998 година со објавувањето на дебитантскиот сингл „I Want You Back“.
Во 2002 година, по седум години заедничка работа, членовите решија да се разделат и да им се посветат на своите самостојни проекти.
Повторно ги здружија силите во септември 2023 година за „Better Place“, нивната прва заедничка нова песна по 20 години. Таа е дел од музиката за анимираниот филм „Trolls Band Together“, во кој Тимберлејк му го позајмува гласот на Бренч.
Нивната обновена соработка е повод за рангирање на членовите според проценетото богатство, од најмало до најголемо. Најбогатиот меѓу нив располага со 250 милиони долари.
Извор: Just Jared