
Дакота Мортенсен поднесе тужба за клевета против продуцентите на „Тајните животи на мормонските сопруги“ и стриминг-платформата „Хулу“.
Според ТМЗ, 33-годишниот ријалити-учесник бара отштета поголема од 300.000 долари. Мортенсен, кој е поранешен партнер на 32-годишната поранешна учесничка во емисијата Тејлор Френки Пол, тврди дека продукцискиот тим местел сцени и измислувал приказни за да го прикаже како насилник и човек што постојано изневерува.

Во судските документи до кои дошол ТМЗ, Мортенсен ги обвинува продуцентите дека се обиделе да го претстават како опседнат поранешен партнер кој, од одмазда, ја пријавил Тејлор во службата за заштита на деца.
Тој негира дека ја поднел пријавата. Меѓу другото, тврди и дека бил снимен момент во кој Тејлор го удира со кутија за пица, но таа снимка никогаш не била емитувана.

Мортенсен наведува дека емитуваните епизоди, кои и натаму се достапни на „Хулу“, му го уништиле угледот, му предизвикале деловни загуби и го изложиле на понижување и емоционално страдање.
Според АБЦ4, во тужбата се тврди дека третата, четвртата и петтата сезона „го претставиле Мортенсен пред милиони гледачи како семеен насилник, како маж кој ѝ се одмаздил на мајката на своето дете пријавувајќи ја во службата за заштита на деца и како човек што постојано изневерува“.
Тој бара судење пред порота, надомест за претрпената штета и други видови отштета.
Извор: Just Jared