
Холивудскиот режисер Стивен Спилберг беше во центарот на вниманието на гала-вечер во Њујорк, на која присуствуваа бројни филмски ѕвезди.
На 79-годишниот оскаровец му беше оддадено признание на филмската добротворна гала на Музејот на модерна уметност — МоМА за 2026 година, одржана со поддршка на „Шанел“ во четвртокот вечерта, на 12 ноември.



Меѓу присутните беа Дру Баримор, Емили Блант и Џон Красински, како и Мишел Фајфер и Мишел Вилијамс.
Во текот на вечерта, Том Круз му оддаде признание на режисерот со кого соработуваше на филмовите „Малцински извештај“ и „Војна на световите“.

„Вау, Стивен Спилберг. Самото име буди восхит, авантура, неизвесност, возбуда — она исчекување кога одите во кино и знаете дека ќе доживеете нешто извонредно“, рече 64-годишниот Круз, пренесе Си-ен-ен.
Во говорот по повод признанието, Спилберг истакна дека немало да ги постигне сите свои успеси без помошта на другите.

„Иако вечерва јас сум тој што е благодарен и убаво облечен, не ми е во ред што стојам сам овде“, рече тој. „Снимањето филмови е заедничка работа, а кога на ваква вечер ме издвојуваат, тоа ме потсетува дека никогаш не сум бил сам на ниту еден сет, на ниту една локација, во ниту едно филмско студио.“
Спилберг додаде дека зад секоја негова голема продукција стојат приближно онолку луѓе колку што таа вечер имало во салата.
Извор: Just Jared