Ноември ја најавува сезоната на прослави, свечени вечери и настани за кои сакаме да облечеме нешто посебно. Елегантните долги фустани се секогаш добар избор: оставаат впечаток, а со соодветен крој и внимателно избрани детали лесно се вклопуваат во различни стилови.
Сепак, не е секогаш лесно да се најде фустан што одговара и на личниот вкус и на пригодата, а притоа се издвојува со нешто необично. Некогаш тоа е едноставната сатенска силуета, другпат светките, отворениот грб или впечатливиот изрез. Токму затоа, во актуелната понуда на модните синџири издвоивме модели што ја покажуваат разновидноста на долгите свечени фустани.

@lucygrassso
Класични силуети со детали што привлекуваат погледи
За оние што сакаат повпечатлив изглед, фустаните со светки и монистра се интересна опција за вечерни прослави. Без разлика дали се украсени со ситни детали што ненаметливо ја одбиваат светлината или се целосно прекриени со светки, овие модели се доволно ефектни сами по себе. Затоа најдобро се комбинираат со поедноставни модни додатоци.
За посведен изглед, сатенските фустани остануваат еден од најдобрите избори. Моделите во стил на комбина со тенки прерамки и шлицови ја следат линијата на телото, а сјајот на материјалот внесува софистицираност. Лесно се носат со салонки или чизми со високи потпетици, мала вечерна чанта и впечатливи обетки. Тука се и фустаните со вез, проѕирни слоеви и интересни текстури, кои ѝ даваат поинаков карактер на класичната силуета.



Зара

Резервед

Зара
Отворен грб, откриени раменици и необични детали
Меѓу кроевите оваа сезона особено се издвојуваат фустаните што ги откриваат рамениците или грбот. Моделите со американски изрез, со едно откриено рамо или со врзување на грбот се интересна алтернатива на класичните силуети. Внимание привлекуваат и фустаните со детаљ налик на марама околу вратот, кој го разигрува едноставниот крој и ја отстранува потребата од дополнителен накит.
За понежен стил, тука се моделите со ненаметливи текстури, ситни точки и проѕирни слоеви. Ваквите елементи внесуваат романтична нота, а истовремено го прават фустанот доволно впечатлив за вечерни пригоди.

@lucygrassso
Извор: Lepota i Zdravlje