Крис Џенер и Клои Кардашијан се присетија на ноќта кога го затекнале Ламар Одом на оргија, во периодот кога тој имал сериозни проблеми со злоупотребата на дрога.
Во епизодата на „Кардашijан“ емитувана во четврток, 5 ноември, Џенер (70) и Кардашијан (42) раскажаа дека пред неколку години тргнале да го бараат Одом, откако добиле информации каде се наоѓа. Објаснија дека стигнале до неговата соба со намера да му помогнат.
„Обезбедувањето на Клои упадна во собата“, рече Џенер, а Кардашијан додаде: „Сè што видов беше дека буквално групно мастурбираа. Во собата имаше 20 луѓе“.
Кардашијан рече дека побарала сите да си заминат, додека Џенер се присети дека ја собрала целата дрога и ја фрлила во ѓубре.
„Ова само ми ја зацврстува одлуката никогаш повеќе да не бидам со некој чудак“, изјави Кардашијан пред камерите. „Требаше и ова да го ставам на списокот со желби за идниот партнер. Можеби треба да додадам: без групно мастурбирање и без оргии. А можеби и без тешки дроги“.
Кардашијан и претходно отворено зборуваше за тоа каков партнер посакува. Во октомвриска епизода на „Кардашијан“, таа кажа дека сака маж кој е верник и кој самостојно изградил успешна кариера.
Коосновачката на „Гуд американ“ наведе и некои физички особини што ѝ се важни.

„Не смее да има микропенис“, се пошегува таа. „Нека биде отворен за третмани за убавина, или барем да не ме осудува за она што јас сакам да го правам. Мора да нема ништо против пластичната хирургија… Сакам некој што ќе ми биде најголема поддршка и ќе ме бодри, бидејќи и јас сакам да го правам истото за него. Сакам моите пријатели и семејството да го сакаат“.
Кардашијан додаде дека сака партнер кој „не изневерува и не лаже“.
Извор: US Weekly