
Николас Кејџ присуствуваше на светската премиера на својот нов филм за американски фудбал, „Маден“.
На 62-годишниот оскаровец му се придружија колегите Кетрин Хан, Кристијан Бејл и Сиена Милер. Премиерата се одржа во средата вечер, на 4 ноември, во киното „Калвер“ во Лос Анџелес.



Меѓу присутните беа и Џон Мулејни, Џоел Мареј и Шејн Гилис, кои исто така се дел од актерската екипа.
Кејџ на премиерата дојде со сопругата Рико Шибата, додека Бејл беше во придружба на својата сопруга Сиби Бејл.


Извор: Just Jared