Савана Крисли и нејзиниот сопруг Џејсон Галанис открија дека нивното прво дете ќе биде момче.
„Мое мило момче, мое чудо… ти си сè за што се молевме, па и повеќе“, напиша 29-годишната Крисли на Инстаграм во понеделникот, на 2 октомври. „Најубавиот потсетник дека Божјите планови секогаш се поголеми од нашите.“
„Ти веќе си нашиот најголем благослов, одговорот на нашите молитви и најслаткото поглавје во нашиот живот. Бог точно знаел што прави кога ни те подари ТЕБЕ“, додаде таа.
Водителката на подкастот „Анлокт со Савана Крисли“ ги изненади обожавателите во вторникот, на 27 октомври, кога објави дека е бремена. На почетокот не го откри идентитетот на партнерот, но „Јус викли“ ексклузивно објави дека Галанис е човекот за кого таа во својот подкаст редовно зборуваше само како за „Џеј“ или „Џејсон“.
Нејаснотии имаше и околу нивниот брачен статус, бидејќи првично се претпоставуваше дека се свршени. Сепак, таткото на Савана, 57-годишниот Тод, при гостувањето во подкастот „Дамб блонд“ во четвртокот, на 29 октомври, навести дека неговата ќерка веќе е мажена.
„Ги читате сите тие коментари: ‘Ќе роди дете надвор од брак’. Навистина? Дали навистина ќе роди дете надвор од брак?“, рече Тод, оставајќи простор за претпоставки. „На крајот на краиштата, приказната на Савана е нејзина и таа треба да ја раскаже. Дали ние знаеме сè? Да, ние сме нејзините родители.“
Документите за склучениот брак до кои подоцна дојде „Пипл“ потврдија дека 56-годишниот Галанис и Савана тајно се венчале во јули, во баптистичката црква на Кајманските Острови, по една година врска.
Извор: US Weekly