Home Шоубизнис Олга Даниловиќ ја објави првата фотографија од синот Максим: „Нашиот најголем благослов“

Олга Даниловиќ ја објави првата фотографија од синот Максим: „Нашиот најголем благослов“

Олга Даниловиќ ги израдува своите следбеници на Инстаграм со првата фотографија од синот Максим, само неколку дена по неговото раѓање. „Нашиот најголем благослов“, напиша таа покрај нежната објава, по која набрзо пристигнаа бројни честитки и убави желби.

Олга Даниловиќ

Тенисерката и нејзиниот свршеник, словенечкиот фудбалски голман Јан Облак, станаа родители на 27 октомври. За својот син го избраа името Максим.

Нивната врска започна на почетокот на 2023 година, а подоцна двојката се сврши. Заедничкиот дом го создадоа во Мадрид.

Олга Даниловиќ и Јан Облак

Поради бременоста, Олга направи пауза од професионалниот тенис. Последниот натпревар го одигра во февруари, а сега започнува ново поглавје во нејзиниот живот – мајчинството.

И покрај обврските што ги носат нивните спортски кариери, Олга и Јан изградија стабилна врска, главно подалеку од очите на јавноста. Ретко споделуваа заеднички моменти на социјалните мрежи и настојуваа приватниот живот да го зачуваат од медиумското внимание. По свршувачката и заедничкиот живот во Мадрид, нивното семејство сега е побогато за синот Максим.


Извор: Story.rs

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Џаред Гоф по повредата на Џек Кемпбел: „Страшно е, во таков миг се потсетуваш дека тој е сопруг и татко“

Квотербекот на Детроит лајонс, Џаред Гоф, изрази поддршка за соиграчот Џек Кемпбел по заст…