
Помина повеќе од една година откако сите членки на „Дестинис чајлд“ последен пат настапија заедно. Дали наскоро повторно ќе ги видиме на иста сцена?
Џеј Зи ќе биде главната ѕвезда на шоуто на полувремето на Супербоул во февруари 2027 година, а многумина очекуваат неговата сопруга Бијонсе да му се придружи како гостинка.
Тоа ги поттикна и прашањата за можно повторно обединување на „Дестинис чајлд“, на кои неодамна одговори Кели Роланд.

На гала-настанот на Airbnb минатата недела, на кој присуствуваа многу познати личности, Роланд беше прашана дали обожавателите можат да очекуваат нов заеднички настап на групата.
„Тоа не е моја работа“, му одговори таа отворено на People. „Тоа е негов настап. Тоа не е моја работа.“
Само неколку дена претходно, сите три членки на групата — Бијонсе, Кели Роланд и Мишел Вилијамс — присуствуваа на концертот на Џеј Зи на стадионот „Соуфај“ во Лос Анџелес, каде што ќе се одржи и Супербоул.
„Ние бевме таму за нашиот постар брат, а Бијонсе беше таму за својот сопруг“, изјави Кели за People. „Направи фантастично шоу. Петокот беше неверојатен, но саботата? Не знам како покривот остана на место, бидејќи енергијата внатре едноставно се чувствуваше. Беше навистина прекрасно.“
„Дестинис чајлд“ последен пат настапија во полн состав на завршниот концерт од турнејата „Cowboy Carter“ на Бијонсе, во јули 2025 година.
Пред тоа, имаа заеднички настап во март 2015 година, а две години порано приредија изненадување со повторното обединување на сцената за време на настапот на Бијонсе на полувремето на Супербоул.
На почетокот на годинава, триото одбележа 25 години од објавувањето на својот трет албум, „Survivor“.
Извор: Just Jared