
Хајди Клум со право ја носи титулата кралица на Ноќта на вештерките.
Со години, таа ги надминува очекувањата со костимите што ги избира за својата традиционална забава по повод овој празник.
Една од нејзините највпечатливи трансформации беше во 2022 година, кога на забавата се појави маскирана како огромен црв. Костимот имаше морничава, набраздена површина што изгледаше лигаво и свиена силуета. Пред забавата, Клум откри дека за неговата изработка биле потребни повеќе од 14 часа.
Извор: US Weekly