Јајцата, овесната каша и класичниот сендвич не се единствените опции за вкусен и хранлив појадок што ќе нè засити и ќе нè подготви за дневните обврски. Кога ќе ни недостига инспирација за првиот оброк, вреди да пробаме поразновидни комбинации. Од солени јадења со зеленчук и мешунки до слатки варијанти со овошје, јаткасти плодови и јогурт, изборот е голем. Со нив можеме да внесеме протеини, растителни влакна и здрави масти, а истовремено да пробаме нешто ново.
Издвоивме пет предлози за здрав појадок без јајца, кои се подготвуваат лесно и не одземаат многу време. Дел од нив се погодни за утрата кога ни се јаде нешто полесно, но хранливо, а други се добар избор кога ни треба пообилен оброк што ќе нè држи сити до ручек. Дополнителна предност е што лесно се приспособуваат на намирниците што веќе ги имаме во кујната.

Пет едноставни рецепти за појадок без јајца
1. Солени овесни палачинки со тиквичка и фета
Овесните снегулки не се наменети само за слатки појадоци. Во спој со тиквичка, зачини и фета, од нив се прават вкусни солени палачинки — интересна замена за вообичаените печива.
Состојки:
- 50 г овесни снегулки
- Една помала тиквичка
- 50 г фета-сирење
- 2 лажици грчки јогурт
- 1 лажица мелен лен
- Сол, бибер и копар
- Малку маслиново масло
Подготовка:
Изрендајте ја тиквичката и добро исцедете ја од вишокот вода. Сомелете ги овесните снегулки во блендер, па измешајте ги со тиквичката, издробената фета, мелениот лен и зачините. Ако смесата е премногу густа, додајте малку вода. Обликувајте мали палачинки и печете ги во тава со неколку капки маслиново масло, по неколку минути од секоја страна. Послужете ги со грчки јогурт и свеж копар.

2. Тост со авокадо, бел грав и лимон
Тостот со авокадо добива поинаков вкус и текстура кога ќе му се додаде бел грав. Покрај тоа што го прави намазот покремаст, гравот обезбедува растителни протеини и влакна, па оброкот е позаситувачки. Лимонот, маслиновото масло и свежите зачини му даваат освежителна нота.
- 2 кришки интегрален леб или леб со кисело тесто
- Половина зрело авокадо
- 100 г варен бел грав
- Сок од половина лимон
- 1 лажичка маслиново масло
- Шери домати
- Свеж магдонос
- Сол и бибер
Подготовка:
Испасирајте го гравот со виљушка, додајте ги маслиновото масло, лимоновиот сок, солта и биберот и измешајте додека не добиете кремаст намаз. Исечете го авокадото на тенки парчиња, а лебот кратко потпечете го. Намачкајте го со гравот, наредете ги авокадото и преполовените шери домати, па посипете со свеж магдонос. По желба додајте и малку чили-снегулки.
3. Чиа-пудинг со печени круши и таан
За љубителите на слатки појадоци, чиа-пудингот е практичен избор. Основата може да се подготви претходната вечер, а наутро само да се дополни со омилените состојки. Наместо вообичаените банани и бобинки, пробајте печени круши, цимет и таан. Природната сладост на овошјето убаво се надополнува со јаткастиот, благо горчлив вкус на пастата од сусам.
Состојки:
- 3 лажици чиа-семе
- 200 мл незасладено бадемово млеко
- 1 лажичка мед
- 1 круша
- 1 лажичка таан
- Половина лажичка цимет
- Неколку ореви
Подготовка:
Измешајте го чиа-семето со бадемовото млеко и медот и оставете го во фрижидер најмалку три часа, а најдобро преку ноќ. Исечете ја крушата на парчиња, посипете ја со цимет и печете ја околу 15 минути во рерна загреана на 180 степени. Кога пудингот ќе се згусне, одозгора наредете ја печената круша, додајте го таанот и посипете со сечкани ореви. Овој кремаст оброк е подеднакво добар и како појадок и како ужина.

4. Солени мафини со спанаќ, брашно од наут и сушени домати
И солените мафини можат да бидат одличен утрински оброк. Оваа варијанта се прави со брашно од наут, кое природно не содржи глутен и е извор на растителни протеини. Спанаќот и сушените домати им даваат арома поради која се привлечен избор и за појадок и за ужина. Може да подготвите поголема количина и да зачувате дел за следните денови.
Состојки:
- 150 г брашно од наут
- 120 мл вода
- 1 рака свеж спанаќ
- 5–6 парчиња сушен домат
- 1 лажица маслиново масло
- Половина лажичка прашок за печиво
- Сол, бибер и оригано
Подготовка:
Измешајте го брашното од наут со водата, маслиновото масло и прашокот за печиво. Додајте ги ситно сечканиот спанаќ и сушените домати, па зачинете по вкус. Распоредете ја смесата во калапи за мафини и печете 20–25 минути на 180 степени, односно додека не добијат златна коричка. Пред послужување оставете ги неколку минути да се подизладат. Убаво се комбинираат со јогурт или свежа салата.
5. Тост со сирење, печен морков, круша и ореви
Во оваа необична комбинација се спојуваат кремастото сирење, природната сладост на печениот морков и крушата и крцкавите ореви. Прстофат цимет ги заокружува вкусовите. Освен за појадок, овој тост е добар избор и за слатко-солена ужина, како поинаква верзија на вообичаениот тост.
Состојки:
- 2 кришки леб со кисело тесто или интегрален леб
- 100 г рикота
Извор: Lepota i Zdravlje