Кристал Хефнер, вдовицата на основачот на „Плејбој“, зборуваше за познатите личности што доаѓале во неговата вила, издвојувајќи ги оние што ѝ оставиле добар, но и оние од кои има лоши спомени.
„Низ вилата поминуваа навистина ужасни мажи“, изјави 40-годишната Кристал за Page Six.
Присетувајќи се на годините поминати таму, таа рече дека Хју често се опкружувал со „мажи со слични ставови“, а меѓу нив ги спомена претседателот Доналд Трамп и комичарот Бил Козби, чија репутација беше нарушена со обвинувањата за сексуално насилство.
Козби во 2018 година беше осуден по три точки за тежок сексуален напад врз Андреа Констанд. Врховниот суд на Пенсилванија ја поништи пресудата во 2021 година поради договор со претходен обвинител, кој требало да спречи воопшто да биде покренато обвинение. Оттогаш се соочи со повеќе тужби за наводно недолично сексуално однесување. Меѓу другото, му беше наложено да ѝ исплати 500.000 долари на Џуди Хут поради наводен сексуален напад во вилата на „Плејбој“ во 1975 година.
„Знаеме дека Козби беше редовен гостин во вилата. Со години беше водител на џез-фестивалот на ‘Плејбој’. Се сеќавам дека еден ден отидовме на фестивалот, каде што обично моравме да се фотографираме со него. Беше непријатно, а тој секогаш беше одвратен“, рече Кристал.
Манекенката саркастично ја опиша вилата како место каде што Џек Николсон можел да добие сѐ „без да излезе од автомобилот“, алудирајќи на жените што го чекале таму.
„Ќе дојдеше со автомобил, таму имаше жени, имаше храна, а тој само ќе си го земеше тоа што му требаше и ќе си заминеше. Сите знаеме дека и тој беше познат како редовен, многу редовен гостин во вилата“, тврди таа.
Us Weekly побарал коментар од правните застапници на Козби и Николсон.
Кристал нагласи дека во вилата доаѓале и „добри луѓе“, додавајќи дека многу од познатите жени што ја посетувале биле навистина добри.
„Џорџ Лопез секогаш беше многу, многу љубезен“, рече таа за поранешниот водител на џез-фестивалот на „Плејбој“, но појасни: „Тој никогаш не доаѓаше во вилата“.
Таа ги пофали и Марк Хамил и неговата сопруга Мерилу Јорк, велејќи дека биле „прекрасни“ при секоја посета.
Претходно неделава, Кристал го опиша 69-годишниот Ловиц како „еден од најголемите перверзници“ и како „клиент број еден на вилата на ‘Плејбој’“ во периодот додека била во брак со Хју.

„Секогаш кога некој ќе каже дека сум број еден, тоа е комплимент“, возврати саркастично Ловиц.
Кристал и Хју имаа разлика од 60 години. Кога се венчаа, основачот на „Плејбој“ имаше 86, а таа 26 години.
Кристал за Page Six рече дека по смртта на Хефнер нејзината цел е „барем малку да се спротивстави на токсичната машкост и патријархатот“. Во тоа ја вклучува и одлуката јавно да зборува за наводното насилно однесување на Хју за време на нивниот брак.
„Се сеќавам како ги вадеше сексуалните играчки. Една беше црна, двострана. Се гледаше дека се валкани, а тој нѐ фаќаше нас, нѐ фаќаше за меѓуножјето, ги земаше тие валкани играчки и насилно ги ставаше во нас“, тврди таа.
И покрај вознемирувачката природа на обвинувањата, Кристал нагласи дека „повеќе не се плаши“.
„Имаше луѓе што живееја со мене и беа повредени. Едноставно мислам дека тоа не е во ред и дека е лош пример за човештвото во иднина“, порача таа.
Извор: US Weekly