
Дејвид Валијамс, најпознат по серијата на Би-би-си „Мала Британија“, е отстранет од претстоен филмски проект во екот на наводите за недолично однесување, според нов медиумски извештај.
Како што објави ТМЗ, 55-годишниот британски комичар и актер преговарал за улога во филмот „Патот до Невермор“, но повеќе не е вклучен во проектот.
Според описот на ИМДб, приказната ги следи поетот Клајд и неговиот цимер Вестон, социјалист со луксузен начин на живот. Двајцата хипстери, во потрага по себе и по „поавтентичен“ живот, ја напуштаат сигурноста на родниот град и тргнуваат во авантури низ поширокиот свет.
Со проектот се поврзуваат и актерите Џина Гершон, Вилијам Болдвин и Тил Швајгер.
Издавачката куќа „ХарперКолинс“ ја прекина соработката со Валијамс уште во декември 2025 година, по изнесените наводи. „Дедлајн“ тогаш објави дека против него се водела внатрешна истрага поради наводното однесување кон помлади вработени жени во издавачката куќа.
Во септември 2026 година, „ХарперКолинс“ потврди дека повеќе не ги застапува ниту неговите претходно објавени книги. Во меѓувреме, престанала да го застапува и агенцијата за таленти ЈМУ.
Неговиот портпарол минатата година изјави: „Дејвид никогаш не бил известен од ‘ХарперКолинс’ за какви било наводи против него. Тој не бил вклучен во никаква истрага, ниту му била дадена можност да одговори на прашања. Дејвид категорично негира дека се однесувал недолично и бара правен совет“.
Извор: Just Jared