Home Шоубизнис Пол Кембел се обиде да одржи емотивен говор, но колегите го прекинаа со урнебесна шега

Пол Кембел се обиде да одржи емотивен говор, но колегите го прекинаа со урнебесна шега

Пол Кембел на сцената со колегите на божиќното крстарење на Холмарк

Пол Кембел сакаше да сподели емотивна порака со обожавателите на последната вечер од божиќното крстарење на „Холмарк“, но неговите колеги го прекинаа со шега што предизвика смеа.

Изминатиот викенд, 18 омилени актери од каналот „Холмарк“ тргнаа на четиридневно крстарење со обожавателите за да го најават божиќното славење. За 4.000 гости приредуваа настапи и забавна програма во текот на целото патување.

Кембел обично е меѓу главните шегаџии во друштвото. Кога на последната вечер доби можност за завршно обраќање до публиката, останатите 17 актери почнаа да го опкружуваат и да пуцкаат со прстите. Но, шегата се совпадна со почетокот на неговата емотивна порака. Тој сепак ја прифати играта и на пријателите на шега им порача да „одј*бат“.

„Сега за миг ќе бидам малку посериозен“, почна Пол, додека колегите се собираа околу него. „Моето минатогодишно крстарење изгледаше малку поинаку.“

За време на крстарењето во 2025 година, Кембел мораше ненадејно да го напушти бродот поради итна семејна ситуација. На денот кога бродот беше закотвен во пристаниште, тој со авион замина од Косумел, Мексико, за да биде со семејството, наместо да остане на бродот до враќањето во Мајами.

„Морав да си заминам порано поради итна семејна ситуација. Е, како се чувствувате сега?“, им рече Пол на актерите. „И ова беше една од најтешките години во мојот живот. Да, само продолжете, дечки. Баш е прекрасно. Но, овие четири дена со вас и со овие луѓе, кои навистина ми се меѓу најдобрите пријатели на светот, ме потсетија дека убавината сè уште постои. И… одј*бете.“

Откако актерите почнаа да се оддалечуваат, Пол го продолжи говорот.

„И дека магијата е можна и дека, низ што и да поминувате, и ова ќе помине“, рече тој. „Ќе почнам одново. Ми требаат 30 минути целосна тишина за да се подготвам!“

„Сакав да кажам дека, низ што и да поминувате, колку и да изгледа безнадежно, и тоа ќе помине. Јас тоа го нарекувам надеж. А надежта е во сржта на сè што правиме на каналот ‘Холмарк’. Ако не е така, тогаш не знам што правиме тука. Затоа сум благодарен за тоа“, заклучи Кембел.

Следна требаше да зборува Кимберли Састад, но таа реши да го прескокне своето обраќање. „Нема шанси да зборувам по ова“, рече актерката.


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ламар Одом отвори профил на ОнлиФанс: „Запознајте ја мојата поинаква страна“

Ламар Одом, поранешниот сопруг на Клои Кардашијан, отвори профил на ОнлиФанс, велејќи дека…